Министерот за финансии, Драган Тевдовски не очекува поскапувањa на производите по зголемувањето на акцизата на нафтата и нафтените деривати од 3,5 денари, што стапи на сила од вчера.

– Министерството за финансии веќе соопшти дека очекувањата за движење на инфлацијата се 1,7 проценти и во нив е вградено и зголемувањето на акцизата. Апсолутно не очекуваме тоа да предизвика придвижување на цените – рече Тевдовски одговарајки на новинарско прашање, по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Министерство за финансии.

Вчера, цената на дизел-горивото се зголеми за 3,5 денари, поради поскапувањето на акцизата на нафтата и нафтените деривати. По поскапувањето, дизел-горивото чини 58,5 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 23:04