Зоран Заев и Драган Тевдовски повторно преку паушални прес конференции сакаат да ја изманипулираат јавноста. Наместо со празни зборови, треба да ги исполнат своите ветувања за подобрување на животниот стандард на граѓаните и исполнување на своите ветувања дадени пред граѓаните.

Заев и Тевдовски се пофалија за реализацијата на капиталните инвестиции за 2017 години, но повторно не одговорија на прашањата зошто крупните капитални инвестиции беа запрени или не беа пуштени во употреба. Автопатската делница Демир Капија-Смоквица повеќе од 6 месеци е завршена, а граѓаните и туристите немаа можност да ја користат. Автопатските делници Скопје- Штип и Кичево- Охрид беа во прекин на градба повеќе месеци.

После неколку години БДП во Македонија доживеа пад. Македонија во првите 3 квартали имаше пад на БДП од 0.4%, додека пак бруто инвестициите се намалија за над 9.5% во третиот квартал од 2017 година.

За првпат во Македонија, во третиот квартал НБРМ регистрираше одлив на странски инвестиции за околу 50 милиони евра.

Под водство на Драган Тевдовски, министерството за финансии стана рекордер во задолжување и трошење на девизните резерви. Македонија изминативе 7 месеци се задолжи за над 730 милиони евра, од кои потрошени се над 230 милиони евра од девизни резерви.

Исто така во владеењето на СДСМ малото и средното стопанство во Македонија стагнира. Голем број на мали фирми и претпријатија се пред затворање.

Заев за волја на вистината повторно пробува да се кити со туѓи перија како и секогаш. Тој се пофали за 96% за искористеност на ИПА фондовите, од кои Заев заборави да напомени дека над 90% беа искористени во времето на ВМРО-ДПМНЕ од програмата 2007-2013, средства од која почнаа да се користат во февруари 2008, а заврши на крајот од декември 2017.

Изминативе неколку месеци најпогодена категорија на граѓани беа земјоделците. Погубните политики на СДСМ ги примораа земјоделците својот род да го фрлаат или да го оставаат да скапува на нивите. Немаше откуп за нивниот производ, а поддршката од Владата на Заев никаде ја немаше.

Најголемото ветување на Заев и Тевдовски испадна само еден голем маркетиншки трик. Пред изборите во октомври месец тие ја воведоа евтината струја, за после избори да најават нејзино укинување. граѓаните повторно беа излажани.

СДСМ и Заев единствено удрија по џебот на секој граѓанин. Од 01. јануари е зголемена акцизата за нафта за 3.5 денари по литар. Ова е голем економски удар за превозниците, земјоделците, но и секој обичен граѓанин.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 23:05