Ваквата состојба за СОНК е апсолутно неприфатлива и Синдикатот апелира до надлежните, наместо да се занимаваат со кадровски прашања и отпуштање од работа, каде што нема реална потреба за тоа, да се позанимаваат со конечното решавање на статусот на истите работници.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија, остро реагира на масовното не продолжување на работните договори на вработените во детските градинки, основните и средните училишта, од страна на директорите на установите, а по налог на повисоките органи на локалната и централната власт.

Ваквата состојба за СОНК е апсолутно неприфатлива и Синдикатот апелира до надлежните, наместо да се занимаваат со кадровски прашања и отпуштање од работа, каде што нема реална потреба за тоа, да се позанимаваат со конечното решавање на статусот на истите работници и да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено работно време, на начин како што е предвидено со Законот за работни односи, како и со спогодбата потпишана помеѓу социјалните партнери, се вели во реакцијата на СОНК.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2018 02:33