„Проектот на ЕУ за легализација на дивоградбите несомнено има позитивни ефекти, при што голем број на граѓани се стекна со право на сопственост на имот што им припаѓал, се разрешија бројни урбани и комунални прашања и сл.
Овој процес е попратен и со криминални и коруптивни елементи, како на пример, големи компании легализираа стопански објекти и други градби без да платат комуналии и сл.
Најголем криминал се прави со изигрување на законот на тој начин што после определениот критичен датум (3-ти март 2011 година ) на државно земјиште се гради импровизиран станбен објект, градоначалникот го легализира, се врши откуп на 500 м2 по цена од 1 евро по квадратен метар ,потоа се проширува плацот (повторно на државно земјиште) по багателна цена и на крај најчесто се продава по многу повисока цена (од 30 до 100 евра метар квадратен).
Сите вклучени во овој нелегален бизнис грабаат од државниот имот.
Овој криминал лесно се открива врз основа од снимките направени преку Google каде јасно се гледа што било изградено до критичниот ден кој се зема како основа за легализација на дивоградбите.
Очекуваме оваа појава да се сосече во корен, а градоначалниците кои во изминатите години правеле ваков криминал да понесат одговорност“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.