Демократскиот сојуз предлага со користење на ДРОН да се детектираат загадувачите на воздух во Скопје и другите градови (Тетово, Куманово, Битола и др.).
„Повеќе од очигледно е дека малиот број на “еколошки инспектори” не можат да се справат со загадувачите на воздух, посебно тие што користат искористено моторно масло или масло за јадење, пластика, гуми, стиропори и други недозволени средства за затоплување или што се користат во процесот на производство, сугерираме Министерството за животна средина и просторно планирање да набави дронови и започне со откривање на загадувачите на воздухот и трујачите на граѓаните“ – се наведува во соопштението од партијата.
Демократскиот сојуз предлага засилен и постојан мониторнинг над депонијата “Дрисла” за да се спречи загадување при горење на медицински отпад или можно депонирање на друг опасен отпад.
„ДС ја поддржува идејата на Град Скопје за отворање телефонски број (193) на кој граѓаните можат да се јават и пријават загадувачи на воздух, но сугерираме да се разработи апликација каде можат граѓаните да праќаат и смс и вибер пораки, фотографии, видеа, или маил со информации за загадувачите“ – продолжува понатаму во соопштението од ДС.