Денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, паратеникот Горан Манојловски и Влатко Ѓорчев го посетија манастирот Свети Наум Охридски на Попова Шапка каде што присуствуваа на литургија.

Чествувањето започна со света божествена архијерејска литургија со која чиноначалствуваа митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф и митрополитот на европската епархија, Пимен.

Митрополит Јосиф на присутните им го честиташе празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец” и по повод претстојните божиќни празници, до сите верници упати пораки за здравје, среќа, бериќет, благосостојба и хармонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2018 20:28