Потпретседателот на Движењето Беса, Зеќирија Ибрахими денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесува оставка од функцијата потпретседател на партијата, еден ден пред партискиот Централен совет.

Тој најави, дека нема да се кандидира, ниту за претседател на партијата на Конгресот што ќе се одржи во февруари.

Ибрахими, кој беше и кандидат на Движењето Беса за градоначалник на општина Чаир на последините локални избори, оставката ја оправдува со, како што вели, важноста на концептот на неговата партија дека никој како поединец не е поважен од неа и оти никој не е незаменлив, без оглед на позицијата што ја има во партијата. Додаде дека мора да се прифати одговорноста, како што се прифаќаат и признанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2018 20:43