Утрово на Бадник, во домот на Иванови, претседателската резиденција на Водно, започна весело. Триесетина деца по повод коледарските обичаи го посетија нивниот дом. Со коледарската песна, пред вратата на претседателската резиденција дечињата го најавија нивното пристигнување.
На влезот ги пречекаа претседателот Иванов, неговата сопруга Маја и синот Иван. Откако ја слушнаа “Вечниот Бог„ , домаќините ги поканија децата во нивниот дом.
Дечињата повторно ја испеаја коледарската песна, изведоа пригодна програма која ја подготвиле специјално за овој посебен ден а од претседателот и неговото семејстрво беа почестени со новогодишни пакетчиња.
Семејството на претседателот Иванов, како и лани, и оваа година ги прими на гости дечињата од бадникарската поворка а Маја Иванова нагласи дека ја продолжуваат традицијата нивниот дом како и секое православно семејство да биде отворен за коледарите – предвесници на Христовото раѓање.
Семејството Иванови своите гости ги почестија со сок и со посни колачиња, а децата, покрај со прегратка, им се заблагодарија пеејќи неколку новогодишни и божикни песни.