Христијанските верници го слават раѓањето на Богомладенецот. Празникот Божиќ за нив е најголема радост, денот го минуваат со најблиските, ги посетуваат храмовите,се молат како што велат секој ден да им биде исполнет со здравје, среќа.
Христијанските верници го слават раѓањето на Богомладенецот. Празникот Божиќ за нив е најголема радост, денот го минуваат со најблиските, ги посетуваат храмовите,се молат како што велат секој ден да им биде исполнет со здравје, среќа. Се поклонуваат пред импровизираната пештера на лик на онаа во Витлеем, во јаслите каде е прикажано раѓањето на Спасителот. Оние кои постеле се причестуваа, земаа нафора која им ја делеа свештениците.
Преку Божиќно послание архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод им посакаа на свештено служителите, монаштвото и верници, мир и благослов од Бога. Подвлекоа дека треба да се залагаме против сите облици на отуѓување.
Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ на златоустовата литургија присуствуваа и претседателот на државата Иванов, градоначалникот на Скопје и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. На граѓаните им посакаа мир, здравје и среќна.
Водици е следен голем верски празник, на 19- ти овој месец. Ден кога се фрла крстот, а на кој според преданието бил крстен Исус Христос, во реката Јордан. Според црковниот календар деновите дотогаш се некрстени.