Кошаркарите на Голден Стејт славеа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 121:105 во дербито на вечерта синоќа. Најуспешен беше Стеф Кари со рекордни сезонава 45 поени.

Вицепрвакот Кливленд славеше победа против Орландо од 127-131. Решавачка беше третата четвртина која „Кавси“ ја добија со 40-23. На Леброн Џејмс му недостасуваше една асистенција да оствари „трипл-дабил“, па средбата ја заврши со 33 поени, 10 скока и девет асистенции.

Најинтересен синоќа беше натпреварот помеѓу Бостон и Бруклин во кој што „Селтикс“ победија со 87:85, благодарение на расположениоет Кајри Ирвинг, кој постигна 21 поен.

Неочекуван пораз претрпе второпласираниот тим на Западот, Хјустон, кој загуби на гости кај Детроит со 108-101.

На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: Индијана – Чикаго 125:86, Орландо – Кливленд 127:131, Вашингтон – Милвоки 103:110, Минесота – Њу Орлеанс 116:98 и Сакраменто – Денвер 106:98.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2018 21:36