Во врска со расколот во Движењето Беса, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача што побрзо обединување, бидејќи како што кажа, политички субјект како оваа партија и е потребна на политичката сцена во Македонија.
– Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека партијата е обединета и сплотена – изјави Мицскоски, по присуството на божикната литургија во „Св.Климент Охридски“.
Тој повика и на поширок фронт на луѓе од јавната сфера, кои би се сплотиле со нив во битката против власта.
Прашан за спорот со името со Грција, тој рече дека, немаат информација за тоа како се одвиваат преговорите, ниту за нивната содржина и суштина.
– Заклучно со овој момент можам да го потврдам истото тоа што го потврди и најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед, односно нејзиниот претседател Мицотакис, кој кажа дека и кај нив најголемата опозициска партија не е вклучена во разговорите за името – рече Мицкоски.