Неделата беше најтоплиот ден од 1939 година во австралиската метропола Сиднеј каде што температурата во предградието Пенрит достигнала 47.3 Целзиусови степени и поради жегата беа прекинати натпреварите на тенискиот турнир Австралија Опен.

Метеоролошкиот завод првично објави дека тоа е најтоплиот ден во областа на Сиднеј кога температурата достигнала 47,1 Целзиусови степени во западното предградие Пенрит. На стадионот на кој се игра крикет, па, биле измерени 57,6 степени на центарот од игралиштето.

Натпреварувањето на меѓународниот тениси турнир Австралија Опен во Сиднеј, исто така, е откажано кога температурата се искачила над 40 степени Целзиусови. Француската тенисерка Кристина Младеновиќ, 11-та на светот го прекина мечот и изразувајќи им жалење на фановите напиша на Twitter „имаше 43 степени, а на теренот можеби и 50 во моментот кога почнав.

Во пошироката област на Сиднеј на сила е забраната за палење оган на отворено за да се избегнат опасностите од избувнување пожари, коишто се вообичаени за сегашниот летен период во Австралија. Неколку пожари веќе се регистрирани во саботата, а поголем број куќи се уништени во сојузните држави Викторија и Јужна Австралија.

Уште во септември 2017 година Австралијците беа предупредени да се подготват за опасниот период на пожари по една од најсушните зими досега.

Повеќе од 200 температурни рекорди беа надминати во Австралија во периодот меѓу декември 2016 и февруари 2017 година, проследени со топлотни бранови, пожари и поплави во текот на летните месеци. Стручњаците за годинава предупредија дека температурите на копното и на морето се погодени од климатските промени и водат кон уште поекстремни временски услови

Поради релативно малата населеноста, од 24 милиони жители, во однос на својата површина и големата зависност од рудниците на јаглен како енергенс за користење и за прилив на пари од извозот, Австралија е еден од најголемите загадувачи со гасови коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина по глава на жител.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2018 22:00