Бугарскиот амбасадор во Брисел, Димитар Чанчев, денеска појасни дека Бугарија ќе не нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија за време на своето претседавање со ЕУ во наредните шест месеци.
И покрај тоа што односите меѓу двете земји се подобруваат, а владите одржаа и заеднички седници, амбасадорот Чанчев во Брисел рече дека тоа им е обврска.
Иако Бугарија ја има признаено Македонија под уставното име, за време на раководењето со ЕУ, државата имала обврска да ни се обраќа под привремената референца, тврди тој.