Минатогодишниот најкорисен играч во НБА лигата (МВП), Расел Вестбрук го мина легендарниот Лери Бирд на вечната листа на најдобри асистенти.

Вестрбрук на дуелот меѓу Оклахома и Феникс, оствари 11 асистенции, со што го мина Лери Бирд на 40-тото место на листата најдобри асистенти во историјата на НБА лигата.

Иако Весбрук средбата ја заврши со трипл-дабл, негов 93-ти во кариерата, односно покрај единаесетте асистенции имаше и 27 поени и 10 скока, сепак тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот од 110-114.

На овој меч, Џош Jackson стана вториот дебитант по Џои Џонсон кому му испеало на еден меч да оствари учинок од најмалку 10 поени, 10 скокови и пет асистенции во редовите на „Сонцата“, за кои Тајсон Чендлер имаше 13 скокови, па сега на високиот центар му недостасуваат уште 22 скока да стане 40-тиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до границата од 10.000 скока во кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2018 22:24