Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес (09 јануари 2018-та година) оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет.

На средбата се разговараше за стратешките приоритети на државата, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивен фактор во градењето на политичкиот амбиент за реализација на реформските зафати кои треба да донесат подобрување на квалитетот на животниот стандард и таквата конструктивност е базирана на принципиелни и разумни основи.

Мицкоски посочи дека за да се реализира тоа потребен е дијалог со владата, а самиот процес е двонасочна улица на исполнување на обврски и одговорности.

Тој истакна дека сериозен проблем преставува политичкиот прогон кој го врши власта и дека тоа е и пречка за придвижување на општествените процеси кои се во застој. Воедно беше посочено дека пратеничката група на партијата нема да учествува во работата на Собранието се додека не се создадат услови за нормално, демократско функционирање на оваа институција. Интеграциските процеси на државата бележат и реформски застој, а клучно за тоа е недостаток на волја и капацитет кај владата да ги реализира зацртаните планови, посочи Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2018 10:48