Пратеници од ултра-десничкарската и националистичка партија Златна зора, придружувани од нивни поддржувачи денеска се собраа на протест пред зградата на министерството за надворешни работи на Грција за време на средбата на македонскиот вицепремиер Бујар Османи со неговите домаќини.

Демонстрантите подигнале пано на кое што пишуваше „Македонија е грчка“, а извикуваа „Предавници“, „Тргнете ги рацете од Македонија“, а на оградата на министерството закачија порака „Отстапувањето на името Македонија за државичката на Скопје е национална распродажба“.

-Златна зора беше тука за да протестира за распродажбата на името на Македонија, кое што за целиот грчки народ не е само едно име, туку е нивната душа и нивната историја, рече лидерот на партијата, Никос Михалољакос.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2018 10:54