Портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос ги демантира шпекулациите на медиумите на албански јазик дека е постигнат напредок во спорот околу името и дека е договорено Македонија да го промени името во „Република Нова Македонија“, објави грчкиот весник „Катимерини“.
– Не сме заинтересирани за многубројните шпекулации во врска со преговорите за името, туку да продолжиме со преговорите на сериозен начин, за да можеме да дојдеме до решение во наредните неколку месеци за проблемот, кој не следи 25 години, рече Цанакопулос, пренесува МИА.
Грчкиот весник „Прото тема“, вчера повикувајќи се на еден портал на албански јазик, пренесе дека Атина и Скопје, наводно го договориле името „Република Нова Македонија“.
Во меѓувреме, со став за прашањето за името се огласи и Грчката православна црква. Архиепископот на Атина и цела Грција Јероним, изјави дека прашањето за Македонија е национално прашање и не може да ја остави индиферентна Грчката црква. Според весникот „Катимерини“, се очекува грчките митрополити да го потврдат својот став за решение без употреба на името „Македонија