Од раководството на СДС во Прилеп и градоначалникот Јованоски се очекуваше да започнат со реализација на ветеното, а не да мислат само како најблиските до нив луѓе да си ги постават на раководни позиции по било која цена. Граѓаните на Прилеп заслужуваат одговор за секоја Ваша постапка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го повикува градоначалникот Илија Јованоски, пред целата јавност да каже по кој закон е именувана директорката на градинките во Прилеп, Благица Филипоска, која вчера по негова наредба си поднесе оставка во попладневните часови и на нејзино место експресно бил ставен нов директор.
-Јавноста треба да знае, дали истата таа со Ваша наредба е вработена со договор за еден месец на место помошник раководител на една од градинките на 24.11. 2017, за да само по 3 дена, т.е. на 27.11. 2017 од Ваша страна е именувана за ВД директор на градинките во Прилеп? Дали истата ја вработивте, а подоцна ја именувавте за директор без лиценца за работа и дали дури денес10.01.2018 ,откако е разрешена полага за лиценца? Сега веќе екс директорката, претходно вработена во приватна фирма сте ја именувале незаконски затоа што за да биди некој ВД директор на државна или јавна институција треба да е од редот на вработените на таа институција. Минатата недела веќе ги повикавме и просветниот и трудовиот инспекторат да ја исконтролираат работата во училиштата и градинките во Прилеп. Сега повторно ги повикуваме истите тие веднаш да преземат соодветни мерки. Градоначалниче Јованоски, дали сте свесни дека со ова сносите кривична одговорност?! Одговорете пред целата јавност дали договорот за вработување на месец дена на сега екс директорката на градинки е веќе истечен? ВМРО – ДПМНЕ на неколку пати Ве опоменуваше дека прекршувате закони. За тоа што бркате луѓе од работа. Ве опоменувавме затоа што незаконски поставените директори и се што потпишуваат е незаконско и подлежи на кривична одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Тие ја повикаа и министерката Мила Царовска и инспекторатот кој таа го контролира да преземат соодветни мерки против градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, а истовремено министерката да каже како оваа незаконски поставена ВД директорка потпишуваше документи и каква одговорност имаат сите погоре посочени страни.
-Од раководството на СДС во Прилеп и градоначалникот Јованоски се очекуваше да започнат со реализација на ветеното, а не да мислат само како најблиските до нив луѓе да си ги постават на раководни позиции по било која цена. Граѓаните на Прилеп заслужуваат одговор за секоја Ваша постапка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.