Беса може да се подели на две различни партии ако Управниот Суд не реши дека Неџбедин Кахремани е легитимниот претседател на партијата – велат за Алсат М високи претставници во Беса. Кахремани е оптимист дека Управниот Суд ќе реши во полза на неговото крило.

“Фактите се на наша страна, зашто се потпираме на поголем број на советници во централниот совет на партијата – над 64. Не верувам дека Судот ќе биде на страна на другите, но ако одлуката биде таква, тогаш постојат други начини“. – изјави Неџбедин Кахремани – в.д лидер на Беса

Вчера, Билал Касами изјави дека Беса функционира како и претходно и дека тој раководи со партијата. Но, неговите противници не отстапуваат од тоа дека Касами веќе неколку дена е разрешен од лидерската позиција.

Одлуките на претседателот за исклучување на генералниот и организацискиот секретар од партијата се нестатутарни. Тоа беше ставено на гласање и едногласно беше констатирано дека тие одлуки се спротивни на статутот“.

Касами вели дека нема две Беси. Поддржувачите на Кахремани пак велат дека Движењето функционира како една партија поделена на два табора. Во првиот, „Скопскиот огранок“ се пратениците Африм Гаши, Неџбедин Кахремани и Скендер Реџепи, додека во вториот табор се поддржувачи на Касами – пратениците Фадил Зендели и Теута Билали.

Кахремани вчера обелодени дека тој и неговото семејство добиле закани по живот ако не се повлече од пратеничката функција. Кахремани не го откри идентитетот на заканувачот – настанот го пријавил во полиција. Касами ги отфрли информациите дека зад ова стоел тој или негови поддржувачи.

Извор: Телевизија Алсат



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 00:33