И покрај тенкото парламентарно мнозинство, власта изгледа уверена дека и натаму лесно ќе ги спроведува своите политики, во прв ред предвидените реформски процеси. Освен надеж во добрата волја на новопечените независни пратеници, оптимизмот се темели и на тоа што гаранции за поддршка наводно понудиле и од помалите партии од албанскиот блок. Од БЕСА дури и буквално дале збор.
Како и да е, портпаролот на владата Миле Бошњаковски тврди дека преговори за проширување на коалицијата на власт, конкретно со БЕСА и со ДПА не се водат.
Пред да замине на скијање во Италија, премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Билал Касами, предизвиканиот лидер на БЕСА, на кого скопскиот огранок му изгласа и в.д. наследник, до конкресот во февруари. Бошњаковски вели дека Заев со ова не го легитимирал Касами и повтори дека се разговарало исклучиво за поддршката на Беса на реформските закони.
Во меѓувреме, додека траат превирањата сите во БЕСА се повикуваат на единство на партијата и заедничко дејствување на петте пратеници. Сепак, не е исклучено движењето и да се придвижи кон Илинденска, иако според Касами, тоа во моментов не било тема.
Од владата и без одговор дали ќе назначуваат нов министер без ресор, на местото на Рамиз Мерко кој стана градоначалник на Струга и дали и кој ќе седне на вицепремиерското столче за реформи, понудено на Алијансата за Албанците.