Директорот на државниот просветен инспекторат, Томе Спировски изјави дека по неговото разгледување на записниците од сите градови дошол до заклучок дека училиштата не реализирале верско делување.

Вонредниот надзор на просветниот инспекторат покажал дека училиштатa немаат одговорност, бидејќи на ниту еден начин не учествувале во организирањето на манифестацијата Бaдникови поворки.

-Логично се поставува прашањето како децата се нашле на улица, како дел од манифестацијата. Заклучивме дека се организирале преку социјалните мрежи, и на повик на невладини организации. Пристигнале заедно со родителите, а ние не можема да забраниме настани кои се одвиваат на улица, надвор од училиштето – вели Спировски.

Според Спировски досега не пристигнала ниту една претставка од страна на некој родител, па затоа не може да се зборува за злоупотреба на децата. Во однос на случаите на присуство на наставници на манифестацијата, Спировски вели дека кога наставникот е на улица тој е само граѓанин, со право на верски чувства.

Во манифестацијата „Бадникови поворки“ беа вклучени над седум илјади деца од повеќе градови во Македонија. Канцеларијата на надзорниот правобранител одлучи да отвори предмет по сопствена иницијатива.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 01:20