Се зголемува активноста во индустријата и во трговијата, но градежната продолжува да се намалува. Податоците за инфлацијата за 2017-та покажуваат просечен годишен раст на ценовното ниво од 1,4 проценти.

Економијата закрепнув, основите се здрави, без присуство на нерамнотежи, но сѐ уште има ризици коишто упатуваат на потреба од одржливо подобрување на очекувањата и довербата на економските субјекти- оценува Народната банка на Македонија.

Се зголемува активноста во индустријата и во трговијата, но градежната продолжува да се намалува. Податоците за инфлацијата за 2017-та покажуваат просечен годишен раст на ценовното ниво од 1,4 проценти.

Девизните резерви се во сигурната зона, депозитните и кредитните текови се во согласност со очекувањата. Од НБРМ велат дека тековните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици укажуваат на тоа дека постојната монетарна поставеност е соодветна.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 01:23