Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров утре ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.

Разговорите, како што информираа од МНР за МИА, ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.

Местото на средбата се уште не е соопштено.

Средбата преку соопштение испратено до новинарите, јавува дописникот на МИА од Атина, ја соопштија и од грчкото МНР.

Но и официјална Атина, не открива детали, ниту каде нити во колку часот ќе се сретнат шефовите на двете дипломатии.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 01:26