За тие предлози завчера во Законодавниот дом заврши претресот без дебата, но бидејќи немаше кворум претседателот на Собранието, Талат Џафери гласањето го презакажа за денеска.

Во Собранието на Македонија за денеска е закажано продолжение на пет собраниски седници, а на првата од нив, 27-та, треба да се гласа за Предлог- законот за употреба на јазиците, во второ читање, и за предлогот за избор на судии на Уставниот суд.

За тие предлози завчера во Законодавниот дом заврши претресот без дебата, но бидејќи немаше кворум претседателот на Собранието, Талат Џафери гласањето го презакажа за денеска.

Одлуките за Законот за јазиците и за уставните судии се носат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно неопходни се 61 глас „за“.

Собранискиот спикер Џафери во гостувањето во телевизиска емисија рече дека очекува денеска да има кворум за гласање.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 11:14