Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години.

Со усвоените измени не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија, како и во меѓународните односи, а се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија.

Кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку имаше било какви аргументи за лажните тврдења пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеа да присуствуваат и да ги бранат на денешната собраниската седница, наместо да бегаат.

Останува фактот дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на создавање вештачки поделби меѓу граѓаните.

Граѓаните одамна ги поразија деструктивните политики и дадоа силна поддршка на демократските процеси што носат придобивки за сите граѓани и ја градат Македонија како едно општество за сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2018 00:12