Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент, е оптимист за решавање на спорот со името и смета дека сега постои голема шанса што не смее да се пропушти.
– Ова прашање беше одложувано долги години. Ова е важна шанса за негово решавање што може да се искористи и јас сум оптимист -изјави Вуцис за државната грчка телевизија „ЕРТ“.
Прашан дали постои интерес од други страни да се најде решение меѓу Атина и Скопје, Вуцис одговори дека сите се заинтересирани за затворање на ова прашање, особено ЕУ, НАТО и соседните земји.
Во врска со спротивните ставови што ги искажува Панос Каменос, лидерот на независни Грци, помалиот коалициски партнер во Владата, Вуцас вели дека не очекува проблеми и оти ќе биде постигнато владино единство и парламентарно мнозинство во врска со евентуалниот договор за прашањето за името.