Пратеничката група на СДСМ предложи измени на два закона со цел намалување на патните трошоци на пратениците.
Предлогот, како што истакна координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев, го опфаќа престојот и превозот на пратениците и други избрани функционери. Во редовна процедура предлагаат измена на законите за плата и надоместоци на избрани функционери и за пратеници.
Очекуваат поддршка од сите пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата.