Поранешниот директор на ЈСП Скопје Игор Јанушев е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседатели се избрани Александар Николовски, Митко Јанчев и Владо Мисајловски.
Одлуката е донесена вечерва на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која се избрани и нови членови на Извршниот комитет. Членови на ИК се претседателите на општински комитети на партијата во Штип, Охрид и Кисела Вода Иван Јорданов, Кирил Пецаков и Орце Ѓорѓиевски.
Од партијата потврдија дека за членови на ИК се избрани: Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Трајко Славевски,Ане Лашкоска, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Игор Николов, Драги Димитриевски, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов и Бајрам Требишки.
Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски неодамна најави и формирање две нови партиски тела: Совет на ИК и Совет на претседателот на партијата.