Одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на лицата од настаните од 27 април е скандалозна и не се темели на факти и докази, туку на гола политичка конструкција
Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото. Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги подржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата.
Институциите не покажаа минимум зрелост да работат за граѓаните, како што тоа им е наложено согласно закон и Устав.
Уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени во врска со настаните од 27 април не се терористи !
Тие не сториле никаков терористички акт, немале намера да се сокријат од правдата, ниту пак влијаеле или имале намера да влијаат врз истрагата.
Оперските пејачи, глумците, режисерите, архитектите, докторите и останатите се жртви на политички прогон само заради тоа што имаа храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта.
Одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на лицата од настаните од 27 април е скандалозна и не се темели на факти и докази, туку на гола политичка конструкција.
Прогонот на десетици невини луѓе за фабрикувано дело тероризам мора да запре. Тие се жртва на политичката инквизиција која и се случува на Република Македонија.
Не се почитуваат нивните основни човекови права.
Правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици.
Судството не смее да биде алатка на политиката.
Политичкиот прогон и малтретирањето на овие луѓе мора да запрат. Бруталното замолкнување и заплашување на сите кои не се согласуваат со антидржавните политики на актуелната власт ќе има контраефект и ќе го зголеми револтот.
Една од основните цели на Република Македонија е обврската земјата да се придвижи кон Евроатланските структури, како и да се зачува демократијата и правната држава. Се додека институциите се користат за монитирање и фабрикување на монтирани судски и кривични постапки се со цел за пресметување кон неистомислениците Република Македонија и нејзините граѓани се далеку од Европските перспективи.