Најголем број на македонските големи и средни компании, односно во 73 проценти од нив се сопственост на мажи, а во 67 проценти генерални менаџери.

Жени менаџираат во 33 отсто од компаниите, а само 27 проценти се сопственички, покажуваат резултатите од истражувањето нааправено во рамки проектот „Еднаква моќ за жените“, во реализација на Институтот за комуникациски студии – Скопје и Институтот Изида Вита од Словенија.

Затоа, како што посочуваат од Институтот за комуникациски студии – Скопје, ќе се продолжи со реализација на овој проект со цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во големите и средните компании во Македонија и пренесување позитивни искуства од Словенија и од други земји во Република Македонија.

Во рамки на овој проект утре во Скопје ќе се одржи „Првата меѓународна конференција за родова еднаквост“.

Проектот е кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и има голема поддршка од словенечката амбасада во Скопје.

Проектот „Еднаква моќ за жените“ започна да се реализира во годината кога се одбележува 25-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Словенија и Македонија и ќе трае наредните две ипол години./МИА



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2018 11:19