Гледаме дека секој ден националните интереси се продаваат, за жал во Република Македонија имаме и еден прогон, една хунта, каде што треба да не спречат да говориме, да го кажеме нашето мислење и да ги спречат сите европски принципи и она за што ние се залагаме, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска гостуваше во емисијата „Алфаскоп“ на ТВ Алфа.

-Тоа што моментално го прави оваа Влада, ни еден амбасадор не излезе да каже дека ова не се европски принципи, ова моментално што се прави не е таа Европа што ние сакаме да бидеме. Ние треба да работиме да бидеме многу подобри од ова. Секој ден има негативни решенија по државата, не само политички туку и економски, истакна Мисајловски и додаде:

„Сега еден нов тим на ВМРО-ДПМНЕ треба да направи една нова надеж за сите нас, едни позитивни работи и мерки, да излеземе кон народот и да пренесеме сето она што ние сакаме да го направиме, да направиме рестарт, да допреме до граѓаните и да кажеме доколку негде сме погрешиле. Ние сакаме сега со една нова енергија и со многу нови инструменти да понудиме нешто ново во Македонија. Бидејќи може да приметите дека распарчано ВМРО, поделено ВМРО е поделена Македонија, распарчана Македонија и секој ги продава нашите национални интереси. Тоа е така и тоа секој може да го види. Многу луѓе заборавиле како е да биде СДСМ на власт и сега може да го видат тоа и тоа за неколку месеци. Сега ние треба да се бориме со сето тоа, но за да го направиме тоа нас ни требаат полни бази на луѓе во комитетите, нас ни требаат многу луѓе на терен, нас ни треба да допреме до секој еден граѓанин да го кажеме ова што се случува и да го објасниме, бидејќи сите овие прашања што сега моментално не тиштат треба да се постават на сите функционери од СДСМ, треба да ги прашпаме они што мислат, бидејќи сега се они главни во државата. Они постојано велеа дека ќе има дебата, а јас не видов ниту една дебата за ниту едно прашање, а гледаме дека се штанцаат закони и негативни политики“.

Конструктивност, подвлече Мисајловсаки, ние ќе прифатиме секако и ќе бидеме конструктивни, но таа конструктивност ако ја нема од другата страна тогаш ние сме во една заблуда и во едно лажење, бидејќи оваа гарнитура цело време дава лажни ветувања, кажуваат нешто што граѓаните сакаат да го чујат, но тоа не е така.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ и оваа екипа која почнува со работа, вчера веќе го имавме првиот Извршен комитет има голем елан, но не треба и нема брзоплето да ги почнеме сите одлуки и не треба да заглавиме во слепи улици. Мора да имаме цел- целта ќе биде да ги тргнеме од власт и да имаме нови избори, а ќе понудиме конструктивност. Ние во четврток ќе отидеме во Собранието, тоа ќе биде наша порака, бидејќи доаѓа еден од најважните луѓе во светот, а секако нашата стратешка определба е да бидеме во НАТО. Ние сме демократска партија и тоа ќе го негуваме, рече Мисајловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2018 23:19