Министерот за финансии Тевдовски на конференцијата од областа на финансиите за Централна и Источна Европа, Еуромани, која се одржува во Виена, истакна дека од наредната година ќе почнат со среднорочно буџетирање, реформа која ќе се работи во соработка во ММФ.
Заедно со фондот ќе работиме на имплементирање на фискалните правила, на механизми со кои ефикасно ќе го контролираме нивото на јавниот долг. Една од клучните придобивки е дека ќе го промениме начинот на планирање и ќе се подобри таргетирањето особено кај социјалните надоместоци и земјоделските субвенции, со што ќе се подобри нивната ефективност – истакна Тевдовски
Тевдовски добил пофалби и за ниската камата на издадената еврообвзница, што го смета за успех од неколку причини – прво дека меѓународните инвеститори позитивно ја оценија перспективара на македонската економија.
Второ, дека е постигната најниска камата до сега и трето дека Македонија првпат влезе во проактивно управување со јавниот долг, предвреме исплаќајќи третината од претходно издадената еврообврзница, се наведува во писменото соопшение на ова министерство.