Крајот на оваа работна недела треба дефинитивно да ја донесе информацијата дали ќе има целосно укинување на времената ограниченост за продажба на алкохол во продавниците после 19, односно после 21 часот.

Според постоечкото решение, алкохол сега може да се продава до 19 часот во зима и до 21 часот во лето, но со новите законски решенија, тоа нема да важи и ќе може да се продава во било кое време.

Но, освен ова се уште е неизвесно дали алкохол ќе може да се продава и на бензинските станици, иако за тоа постои идеја, сепак не е прециразана. Отворени се дилемите дали тоа да се овозможи, и за кој вид на алкохол.

Податоците покажуваат дека забраната изминатите девет години не само што не придонела за намалување на алкохолизмот меѓу Македонците, посебно младите, туку и им нанаела штета на производителите на алкохолни пијалоци, на трговците и државата.

Според податоците, во изминатите години над 5.500 трговски објекти од вкупно 13.000 се откажале од продажба на алкохол, со што драстично се намалил нивниот промет, но затоа има пораст на нелегално производство и трговија на алкохол.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2018 00:02