Заврши времето на Белизе фирми и рајски шеми за купи-продај од братучед на кум и обратно.
Јавноста се изнаслуша како врхушката од ВМРО-ДПМНЕ кумува и уценува за да земе процент од секој проект и бизнис зделка кога беше на власт.
Денеска има јасна одвоеност на партијата од државата и недвосмислена одвоеност на бизнисот од политиката. Македонија е пазарна економија во која што владее правото, со слободно претприемништво каде приватните субјекти се самостојни во одлучување за сопствениот деловен потфат, со јасна дистинкција помеѓу приватниот и јавен сектор.
Тоа го покажува и примерот со Вицепремиерот Кочо Анѓушев. За да нема конфликт на интерес, како што и вети на почетокот на преземањето на должноста, Ангушев ја продава компанијата, со што јасно дава до знаење дека единствен мотив за да биде во владата е за да и помогне на државата, а не за да реализира бизнис интереси како што тоа со години го правеше ВМРО-ДПМНЕ .
Доколку ВМРО-ДПМНЕ не прави разлика меѓу односите во приватниот и јавниот сектор во Македонија, треба да е загрижена за капацитетот на новото раководство на оваа партија.
Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се реформира треба да расчисти со „купи-продај“ шемите, за кои јавноста беше сведок дека оваа партија ги применуваше и во однос на наметнатиот спор со Грција.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се однесува одговорно кон граѓаните, а не да шири лажни вести. Вниманието од позитивните резултати на Владата предводена од СДСМ не може да се оттргне со манипулации.