Државата и државните интереси во Република Македонија се целосно узурпирани од корумпираната и расипничка врхушка на власт. Бизнисот и институциите се под невиден политички притисок од Зоран Заев. Тоа го докажува и паничната реакција на СДСМ со која што се обидуваат да го покријат молкот на Кочо Анѓушев.

Анѓушев освен што е бизнисимен, во моментов е втор човек во владат и десна рака на Зоран Заев. Токму затоа изјавите на Кочо Анѓушев јавноста ги слуша со големо внимание. Јавноста се прашува дали е случајно што по лицитирање со името на државата од страна на Анѓушев неговата компанија стана предмет на интерес на грчкото електростопанство.

Кочо Анѓушев треба да одговори колкава е реалната вредност на фирмата што ја продава на грчката државна компанија. Со цел отклонување на сомнежот во јавноста дека можеби станува збор за зделка со која што би можело да се исплаќаат и одредени отстапки за промена на името.

Анѓушев мора да одговорат која е реалната цена на негоавата компанија, а која е цената за која се преговара. Ако за веродостоен го земеме податокот објавен во анкетниот лист на Анѓушев вредноста на неговата фирма изнесува 21 милион евра. Дали е ова цената по која истата ќе се продаде или истата е поголема и за која цел би биле исплатени повеќе пари.

Јавноста е загрижена од ситуацијата поради фактот што високи функционери на СДСМ во минатото му нуделе скапи подароци и награди на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Анѓушев мора да ги отстрани стравувањата на јавноста дека продажбата на неговата фирма е дел од зделката за промена на името на државата.

Во насока на транспарентност и информирање на јавноста за секој детал од овој горлив спор за граѓаните и Македонија, граѓаните мора да ги добијат овие одговори без разлика дали тоа им се допаѓа во СДСМ или не. Македонија не е приватна сопственост на Заев и Анѓушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2018 23:25