Обраќањето на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и пораките што ги испрати од собраниската говорница се уште еден јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат, како држава која претендира да стане европска земја во која ќе бидат препознаени, втемелени и практикувани европските вредности на сите општествени нивоа.

Генералниот секретар на НАТО во основа ги препозна и ги поздрави реформските процеси што ги реализираат парламентарното мнозинство и Владата, а кои што се основа за нашиот европски и евроатлански интеграциски процес.

Тоа ни дава силен поттик да продолжиме понатаму, безрезервно и навремено да работиме на реализирање на сите реформските процеси, на унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.

Со особено задоволство ја примивме пораката на господинот Столтенберг за политиката на отворени врати на НАТО, што за нас треба да биде дополнителен поттик да го искористиме позитивниот моментум.

Во пораката на генералниот секретар на НАТО се прочита и една интенција дека за се она што зборуваше треба да биде дополнителна причина сите политички субјекти, значи сите политички фактори да се вклучат и да ги поддржат реформите кои ја движат Македонија напред.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2018 23:05