Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление - Водици, упати честитка до г.г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и до сите православни верници во Република Македонија.
Во честитката премиерот Заев истакнува дека овој празник потсетува на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан, и дека сè може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди.
- Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам, и дека надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува. Со овие пораки, и со искрената верба во нив, да си посакаме подобра иднина, здравје, и со добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, наведува во честитката премиерот Заев.