Швајцарецот Роџер Федерер експресно ја мина и третата пречка на Австралија Опен.
Светскиот рекет број два, со максимални 3-0 во сетови го совлада Французинот, Ришар Гаске.
Федерер со само два загубени гема 6-2, го доби првиот сет, но во вториот сет имаше малку поголем отпор од противникот, па истиот го доби со 7-5. Швајцарецот во третиот сет направи два брејка на противничкиот сервис и тој сет го реши во своја полза со 6-4.
Федерер во осминафиналето за противник ќе го има Унгарецот, Мартон Фучовиќ, кој беше подобар со 3-0 од Кикер.