ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и дезинформации дека Владата предводена од СДСМ е таа којашто ја воведува обврската физички лица кои остваруваат промет од милион денари да плаќаат ДДВ.

Станува збор за испочитувани процедури кои ги предвидува Законот којшто беше донесен уште во 1999 година од тогашниот министер за финансии и поранешен и долгогодишен претседател на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски.

Владата предводена од СДСМ ја разгледува можноста за промена на Законот за Данок на додадена вредност во насока на зголемување на прагот за станување на ДДВ обврзник.

Уште една пласирана лага е информацијата дека станува збор за двојно оданочување. Данокот на додадена вредност се плаќа на додадена вредност, додека персоналниот данок на доход се плаќа за остварен личен доход, што значи дека и физичките лица ќе имаат право на поврат на ДДВ исто како што имаат и правните лица. Како самостојна дејност што ја предвидува законот не се смета дејноста на вработените кои по тој основ примаат плата, односно ако за тој приход се плаќаат придонеси за социјално осигурување, тој приход не подлежи на оданочување со ДДВ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извини на фирмите што со години ја загрозуваа нивната ликвидноста со доцнењето на поврат на ДДВ. Таа штета што ВМРО ДПМНЕ ја нанесе на приватниот сектор, Владата предводена од СДСМ веднаш почна да ја санира, со тоа што веднаш исплати огромни долгови кон фирмите по тој основ.

Очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ нема капацитет конструктивно да се вклучи во политичките процеси и со ширење на лажни информации прави директна штета на јавниот интерес и интересот на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 19:24