Централниот комитет на Народно движење за Македонија, денеска одржа седница во Скопје, на која што беа донесени одлуки за ребрендирање.

– Централниот комитет како највисоко одлучувачки орган на партијата меѓу два конгреса, денес донесе одлуки од историски карактер за партијата. Прво, ЦК донесе одлука за целосно ребрендирање и во иднина партијата наместо Народно движење за Македонија ќе биде со називот Единствена Македонија. Второ, реконструкција на Извршниот комитет на партијата, во кој, меѓу останатите, ќе членуваат и проф. д-р Стефан Влахов Мицов, кој истовремено ќе биде и заменик претседател на партијата, Драган Угриновски, претседател на Македонското патриотско здружение „Тврдокорни„ кое гледаме дека е мета на одредени структури во државата со обидот за наменско промовирање на паралелно здружение со ист назив, но, како што гледате вистинското здружение Тврдокорни е денеска тука, Зоран Јованчев претседател на Здружението „Македонија и Русија„ – МиР, Вангел Симев универзитетски професор и поранешен пратеник кој останува запишан во македонската историја со гласањето против штетните договори во Собранието вклучувајќи го и капитулантскиот рамковен договор во 2001, Игор Јорданов приватен бизнисмен и Ацо Николовски исто така приватен бизнисмен. Новоизбраните членови, заедно со останатите членови ќе го сочинуваат 13-члениот Извршен комитет на партијата. Трето, Единствена Македонија ќе се залага за радикален пресврт во македонската политика со повлекувањето на актите за прием на Македонија во НАТО и ЕУ и барање за членство на Македонија во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија“ – рече Бачев.

Заменикот претседателот на Единствена Македонија, проф. д-р Стефан Влахов Мицов рече:„Ние во Единствена Македонија сме за стратешко партнерство со Русија од неколку причини, прво, со рускиот народ како словенски имаме близок менталитет, јазик, култура, традиционални вредности, второ, само во сојуз со Русија можеме да ги заштитиме националните интереси на македонскиот народ како што се македонско име, идентитет, унитарноста и државната територија, трето, со влегувањето во Евроазискиот сојуз ке се подигне животниот стандард на македонскиот народ, ке биде искоренета невработеноста, ке добиваме енергени и други природни богатства со 50 отсто пониски цени. Во оваа насока да истакнам дека ние во Единствена Македонија сме против САД, НАТО и ЕУ затоа што сметаме дека тие се новите хитлеровци во светот кои го сакаат уништувањето на словенскиот свет. Тие сакаат да ја избришат македонската држава од мапата на светот и дури и физички да го уништат македонскиот народ. Со нив немаме ништо заедничко. Нашето демократско и антифашиско минато е спротивно на нивното геноцидно варварство“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 21:30