СДСМ продолжува со расипничкото трошење на народните пари. Не ги интересира ништо друго освен измислување на нови функции и дебело наградување на послушниците со пари од буџетот.

Одлуката да се именуваат пет наместо актуелните три потпретседатели на Собранието не значи ништо друго освен дополнителен трошок за граѓаните.

Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра. За двајцата нови потпретседатели кои власта има намера да ги воведе, тоа се дополнителни скоро 9000 евра месечно или 300 евра дневно, средства кои може да се вложат во здравството или образованието или да се искористат за отворање нови работни места.

Ако земеме во предвид дека 5 потпретседатели на Собранието годишно ги чинат граѓаните 240.000 евра, за четири години, тие ќе ги чинат граѓаните приближно 1 милион евра или скоро за двојно повеќе од тоа што претходно било трошено.

Лицемерието на неспособната власт на СДСМ кон граѓаните стана редовна пракса во нивното функционирање. Едно говорат, а друго прават. Наместо да го намалуваат непродуктивното трошење, тие го зголемуваат. Наместо да го намалат бројот на министерите, тие го зголемија. Наместо да го намалат буџетот, тие го донесоа најголемиот досега. Едно ветуваа, а друго прават.

Доколку СДСМ сакаа да намалат од трошоците, тие немаше да назначат наместо три, пет потпретседатели во Собранието на Република Македонија.

Ова е чист доказ, како функционира лицемерието на СДСМ. Пред да дојдат на власт зборуваа дека премногу се троши, а сега не само што не ги намалуваат трошоците, туку и ги дуплираат. Пред да дојдат на власт велеа дека ќе ги намалат ставките патни трошоци, за да подоцна во Буџетот за 2018 година ги зголемат од 650.000 евра на 1,3 милиони евра. Да потсетиме дека ова е највисокиот расипнички буџет во историјата на Република Македонија во висина од 3,5 милијарди евра.

СДСМ со ова недомаќинско работење и трошење на народните пари за личниот луксуз и хедонизам, се изживуваарт врз граѓаните и ја водат државата кон амбис од кој нема враќање назад. Не се во прашање 5, 10 или 20 денари, туку недомаќинско трошење на милиони евра пари на граѓаните.

Очигледно животот кој го ветуваа, беше наменет само за врхушката на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 23:14