Од полноќ, литар Еуросупер БС- 95 и 98, дизелот и ектралесното масло за домаќинство поскапуваат за денар. Истовремено килограм мазаут поскапува за половина денар.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,71%. Од полноќ, литар Еуросупер БС- 95 и 98, дизелот и ектралесното масло за домаќинство поскапуваат за денар. Истовремено килограм мазаут поскапува за половина денар.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизелот изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Причина за корекциите се растот на берзанската цена на суровата нафта во изминатите 14 дена за 4,54%,како и понискиот курс на доларот во однос на денарот за 1,44%.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2018 16:21