Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Михајло Маневски

Во време на владеење на СДСМ, Македонија тонеше на дното на листата на Транспаренси интернешенал држејќи го срамното 106-то место. Корумпираната влада на СДСМ, повторно ја враќа Македонија во друштво на државите каде не владее правото.

СДСМ должи одговори на јавноста кои се двата функционери што биле осомничени за корупција и зошто против нив не се презема ништо, односно се кријат и се штитат послушниците на Заев?

Граѓаните очекуваат одговор зошто толку долго време се одложува случајот поткуп против Зоран Заев?

Граѓаните очекуваат одговор зошто нема никаква реакција од органите на прогонот за скандалот со Цареви кули?

Граѓаните очекуваат одговор колку милиони евра ќе инкасира вицепремиерот Кочо Анѓушев од грчкото електростопанство? Дали парите што ќе ги исплатат Грците се само за фирмата на Анѓушев или преку нив ќе се исплатат и некакви бонуси за други прашања кои им се во интерес ?

Владеењето на СДСМ е врзано со корупција, а Македонија назадува токму заради селективната правда и злоупотребите на институциите кои се политички блокирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2018 23:00