Сега е идеално време да се пронајде решение за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, порача од Солун американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат.
Тој вчера попладне,по средбата со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, истакна дека промената на власта кај северниот грчки сосед го олеснува процесот.