Сведоци сме дека од доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт, цената на дизелот во Македонија е зголемена за 30 проценти. Истовремено дополнително е обременета со зголемувањето на акцизата од 3,5 денари по литар.
Ги повикуваме и Зоран Заев како премиер и Драган Тевдовски како министер за финансии веднаш и неодложно да ја укинат акцизата која што ја зголемија од 1 јануари. Затоа што цената на бензините и на дизелот се неиздржливи за граѓаните на Република Македонија. Наследија цена на дизелот за 46 денари, а веќе денес цената на литар дизел е 60 денари.
За време на владата на СДСМ цената отиде од 46 на 60 денари. Тоа е зголемување ни помалку ни повеќе од 30 проценти. Значи премиерствувањето и министерувањето на Зоран Заев и Драган Тевдовски ги чини граѓаните на Република Македонија 30 проценти зголемена цена на бензинот и дизелот. Од тие причини веднаш нека ја укинат акцизата која што ја наметнаа, да се однесуваат рационално и да придонесат за растеретување на овие енормни трошоци кои што ги има секое домаќинство во Република Македонија, секое семејство, секоја транспортна фирма и вкупно економијата во целост.
Ние сме во ситуација каде што постепено фаќа инфлаторната спирала и како што се зголемува цената на дизелот и на бензините така ќе одат нагоре и сите други цени, а истовремено ја имаме и онаа зголемување на акциза која што се случи, која што е 3,5 денари од 1 јануари.
Нека се откажат од тоа што го наметнаа како давачка на граѓаните нека го анулираат и нека им ја олеснат работата на семејствата, граѓаните и на стопанството.
Одговор на новинарски прашања:
ВМРО-ДПМНЕ го повикува владиното мнозинство уште еднаш да направи чекор назад, да се направат работни групи, да се извршат консултации и да се види каде ќе се оди во врска со овој закон, кој што е оспорен од претседателот на државата. Имаме закон кој што секојдневно на дневна основа, дури и експерти кои и до вчера но и денес се блиски до СДСМ, го критикуваат тој закон. Се работи за закон кој што засега голем број на луѓе во Република Македонија, го засега и целото општество. Така што она што треба да го имаме во моментов како најмалку чекор од парламентарното мнозинство е да го повлечат законот да се направат работни групи од сите политички партии, со вклученост на експерти по уставно право, со вклученост на експерти јазичари, со вклученост на политичките партии, со вклученост на МАНУ и да се види што е она што може да биде како, исход или решение од оваа ситуација.
Треба да видиме која е поканата , да видиме кој е терминот кој се темите и после тоа ќе можеме да се изјасниме во врска со ова. Да видиме. Јас ова прес конференција ја покривав на темите коишто ги видов. Ве упатувам на центарот за комуникации и тие ке можат да ги сервисираат овие информации на дневна основа.
Апсолутно треба да има редуцирање на трошоците . Треба да има штедење. Но и овој предлог и овие постапки на Владата зборуваат за размерите на лицемерието на СДСМ. Прва работа : Ние имаме историски најмногу Потпретседатели на Собранието на РМ. 5 на број. Значи се зголемува бројот на Потпретседатели заради политички и партиски пазарења каде што нормално тоа повлекува цела низа и цела композиција на трошоци. Од партиски причини за владеење и лепење на коалицијата на СДСМ се зголемува и бројот на заменици на Генерални секретари. Од 3 на 5. Значи од една страна енормно расипништво а од друга страна под наводници мерки на штедење. Ако СДСМ сака да биде принципиелен, ако сака да бидат штедливи тогаш веднаш час поскоро нека го намалат она што се нарекува број на Потпретседатели од 5 на 3. Нека го намалат бројот на заменици Генерални секретари од 5 на 3. Нека ја намалат армијата на ботови коишто се вработени по разните институции и ефективно нека почнат да штедат. Но од друга страна ние во моментов го имаме најголемиот , најрасипничкиот буџет во историјата на РМ. Никогаш РМ немала поголем буџет одошто буџетот на Зоран Заев и Драган Тевдовски. Значи ниедна Влада 27 години наназад повеќе не го исцедила стопанството и не ги исцедила граѓаните во делот на трошоци а истовремено никогаш сме немале ситуација , граѓаните да бидат обременети. Еве ако сакате пластично . Тие велат ќе ја укинат Радиодифузната такса но после тоа истото ќе го компезираат преку буџетот на РМ. Значи не е по врат, по шија е. Или овде ќе речат дека го штитат воздухот и ја зголемуваат акцизата а од тие 30 милиони евра којшто ќе ги соберат преку акцизата само 160 илјади евра ќе потрошат на амбиенталниот воздух. Значи се собираат 30 милиони евра од граѓаните на РМ во насока на штитење на воздухот а истовремено за заштита на амбиенталниот воздух за животна средина , за екологија , никогаш помалку средства не се одвојуваат. Од една страна велат дека штедат а Собранието на Македонија никогаш немало повеќе потпретседатели 5 на број внимавајте, со се кабинети, возачи , секретарки, трошоци итн. Од една страна се вели дека се штеди а Собранието никогаш повеќе немало вработени заменици Генерални секретари со коишто се трупа и се создава нова администрација. Тоа е таа хипокризија за којашто јавно зборуваме и коментираме.
Во моментов Република Македонија што се однесува до јавната безбедност е вратена во 1995 година. Во Скопје е вратен рекетот, палењето на автомобили, убиствата гледаме дека се случуваат на сред улица секој месец. Значи имаме ситуација во која е зголемена јавната небезбедност, а загрозена е јавната безбедност. Имаме ситуација каде на булеварот Партизански Одреди на дневна основа се ограбуваат луѓе. Имаме ситуација во Скопје каде што никогаш повеќе во историјата на овој град не се палеле автомобили на паркинзи на неделна основа. Значи имаме апсолутно паѓање на јавната безбедност не само во Скопје туку и низ Македонија. Истовремено имаме ситуација, бевте сведоци, погледнете ја изјавата на сопственикот на кафулето од Прилеп за отворен директен, директно барање на рекет. Истовремено имаме ситуација каде стотици луѓе извршители на тешки кривични дела ќе бидат ослободени и пуштени по улиците. Значи апсолутно државата треба да покаже позитивен и чекор на добра волја кон луѓе кои првпат направиле престап и од помала мерка. Значи таму има простор државата да реагира да помогне да се намали казната и слично. Но истовремено за изборните потреби на СДСМ се ослободуваат стотици и стотици луѓе кои ќе ја влошат јавната безбедност на улиците во маалата во градовите и во селата. Поради оваа последица Скопје ќе биде небезбедно како никогаш досега и во делот на ограбување на домови и во делот на ограбување на бензиски станици и во делот на ограбување на банки итн. Сите гледаме дека имаме едно енормно зголемување на спиралата на криминал и насилство која што се евидентира во црните хроники, а тоа не се пресретнува со професионализам и со ангажман на МВР. Затоа што МВР очигледно е насочено кон политички прогон и апсење на што е можно повеќе луѓе од ВМРО-ДПМНЕ или било кој што размислува поинаку, туку се оди на оваа варијанта. Значи уште еднаш ако треба да го сумирам овој одговор тоа е дека апсолутно владата на СДСМ и парламентарното мнозинство на СДСМ со ова што го изгласа како амнестија превзема директна и лична одговорност за сите идни кривични дела кои што ќе се случат за целата небезбедност во Република Македонија која што ќе се продлабочува. За сите оние луѓе малолетници или пак млади луѓе кои што ќе бидат нападнати, ограбени, дуќани кои што ќе бидат исто така ограбени или слични дела. Дали во нашите улици и во нашите маала ќе биде подобро или полошо ако имаме ослободување на стотици дилери? Дали тоа ќе донесе повеќе или помалку дрога во нашите маала и во нашите населби. Значи треба да се води апсолутно сметка за тоа. Така што би апелирал до вас би ве повикал како новинари да го гледате, набљудувате и следите сето она што ќе се случува со јавната безбедност наредниве недели или месеци и за многу брзо време за жал голем број на граѓани на Република Македонија ќе се носат на дневна основа со таа небезбедност која што ќе се зголемува.