ВМРО-ДПМНЕ очајно продолжува да шири лажни вести во кои никој повеќе не верува.
Не е точно дека зголемувањето на акцизата за нафтата ќе влијае на инфлацијата, ниту пак зголемената акциза значително ќе влијае на покачување на цените на мало. Сите енергенси во вкупната цена на производите учествуваат со 10 проценти, а акцизата се покачува само за мал дел од тие 10 проценти, што е незначително за вкупната цена.
Залудни се обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да ја манипулира јавноста. Граѓаните веќе одамна не и веруваат на партијата што 11 години ги задолжуваше, само за да се остваруваат криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници.
СДСМ преку Владата што ја предводи, преку домаќинското, успешно и одговорно работење ги санира штетите од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Преку Планот за економски раст, Владатa создава услови за повисоки плати и отворање нови и подобро платени работни места. За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку спроведените мерки како укинување на радиодифузната такса, воведување на евтината тарифа на струјата и зголемената минимална плата ги намалува трошоците за живот и обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните.