Противниците на капитализмот организираа протести во повеќе градови во Швајцарија во знак на протест против доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Давос. Левичарите организираа протести под мотото „Трамп не е добредојден“, пренесе „Ројтерс“. Трамп би требало во рамки на форумот во Давос да има говор в петок.

Швајцарскиот скијачки центар Давос во наредните три дена е збирно место за илјада најважни и најбогати луѓе во светот, а за нивната безбедност се грижат припадници на полицијата, војската и најелитната безбедносна служба во светот, додека на врвите од планината ќе бидат позиционирани снајперисти. Најважните луѓе на форумот ќе ги обезбедува и нивната полиција.

Околу 5.000 војници го контролираа комплетниот простор околу објектот во кој ќе се одржува форумот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2018 15:53