Непознати лица синоќа во Кичево ги дупнале гумите од автомобилот на потпретседателот на Алијанса на Албанците, Ремзи Мехмеди. Оштетени се и гумите од автомобилот на неговата сопруга.
Инцидентот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој изјави дека работат на целосно расчистување на случајот.
Со соопштение до медиумите, случајот го осуди и огранокот на Алијансата на Албанците од Кичево.