Инфо - сесија на која ќе бидат презентирани детали во врска со јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“, што го спроведуваат Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука, ќе се одржи денеска во Средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.

Повикот се однесува на сите основни училишта и стручни средни школи на територија на Република Македонија кои имаат креативни ученици со желба да истражуваат и освојуваат награди. Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки.

На инфо - сесијата се очекува да присуствуваат наставници/директори на основните и средните училишта од регионот на град Скопје, Велес, Куманово и Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2018 14:28