Претседателот на Европската народна партија, најголемата парламентарна група во Европскиот Парламент, Жозеп Дол, оцени дека вчерашната средба на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Давос, претставува „прозорец на можности“ за решавање на долгогодишниот спор за името.
Дол во изјава за „Еуроактив“ вели дека се надева ќе има конкретни резултати од овие разговори.
-Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение и ние го поздравуваме овој прозорец на можности што може да доведе до конкретни резултати, вели Дол.
„Еуроактив“ наведува дека ставот на првиот човек на ЕПП е во спротивност со позицијата на нејзината членка – најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, која се противи на начинот на кој грчката Влада ги води преговорите за името на Макеоднија.